На три локации во општина Ѓорче Петров денеска ќе биде одбелжана 21 година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила.

Цвеќе ќе биде положено на Спомен-чешма на Томислав Настевски-Бумбар, на Споменикот на бранителите во Волково, каде ќе биде и централната манифестација, и на Споменикот на бранителите во реонскиот парк.

На 10 август 2001 година на патот кај месноста Љуботенски Бачила армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.