Од вечерва, со почеток во 21 часот, па до 14 август, во партнерство со МакеДокс, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец” ќе биде отворено првото „Кино на отворено“ во Кисела Вода.

Со филмот “Cinema Komunisto” на режисерката Мила Турајлиќ, вечерва ќе биде отворено „Кино на отворено“.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, секоја вечер со почеток од 21 часот, во паркот „Македонија“, непосредно до Домот на кутурата „Билјана Беличанец“, посетителите ќе можат да погледнат по два филма.

Покрај „Cinema Komunisto“, вечерва на репертоарот е и „My world is upside down” во режија на Петра Селискар. Утре во програмата во рамки на „Кино на отворено“ ќе се емитува и првиот македонски филм за деца „Стела“, како и „Avec l’amour” на Илија Цветковски.

– Покрај споменатите наслови, оваа седмица, доколку дозволат временските услови, „Кино на отворено” на публиката ќе и ги понуди и „Grand mothers of Revolution“, „Mother Europe“ во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, како и неколку други изненадувања, посочуват од општинската прес-служба.