Дваесетина лица се повредени, од кои шест потешко, во сообраќајната несреќа се случила денеска на излезот од Битола кон Кравари. Според СВР Битола, сообраќајната несреќа настанала меѓу три возила, автомобил, комбе со работници од битолска фабрика и паркиран влекач.

Како што претходно соопшти „Телма“, несреќата се случила неколку минути пред 15 часот, кога работници од утринската смена од фабриката „Кромберг и Шуберт“ се враќале кон Битола.