„На 04.11.2021 околу 09.50 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.А.(18) од Тетово и 17-годишник од тетовско Горно Палчиште, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 04.11.2021 во 15.30 часот на ул.„Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино лишиле од слобода малолетник, затоа што кај него била пронајдена марихуана. За случајот биле известен Центарот за социјални работи. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.