Еден ученик од основно училиште во Кавадарци е позитивен на ковид-19, а дваесетина ученици од друго училиште се ставени во изолација поради тоа што присуствувале на забава со заразеното дете, објави ТВ КТВ, повикувајќи се на информации од Центарот за јавно здравје.

Како што пренесе телевизијата, позитивен ученик има и во едно средно училиште во Кавадарци, а поради тоа целото одделение најверојатно ќе биде ставено во изолација.

Министерството за образование и наука утрово соопшти дека заразени со ковид-19 се само 0,01 отсто од учениците, а ист е процентот и за наставниците. Од МОН апелираат на целосно почитување на мерките за заштита од коронавирусот.