Големо невреме вечерва го зафати Кавадарци, каде што има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според последните информации на УХМР, невремето се движи кон Неготино.

Нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи е регистрирано и во Кочани, Кичево, Свети Николе, Велес, како и западно од Демир Хисар, Свети Николе и Македонски Брод.

Од УХМР посочуваат дека постои можност пороен дожд да ги зафати и јужните делови од Скопје.