Синоќа околу 23:30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Криволак, по кратка вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.П. (21) и С.Ш. (21), двајцата од селото, појасни Додевски.

Тој соопшти дека претходно, во Полициската станица Кавадарци, Д.К. (20) пријавил дека околу 1:00 часот на улицата „Илинденска“ во Кавадарци, бил физички нападнат од Љ.М. (20).

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.