Две лица се повредени, а десетици илјади домови останаа без струја бидејќи тајфунот Хаикуи навлегува во Тајван, објави во неделата официјалната Централна новинска агенција на островот (ЦНА).

Двете повредени лица се движеле со комбе кога дрво паднало врз возилото, оставајќи ги заробени внатре, соопшти ЦНА.

Моќен тајфун Хаикуи денеска го погоди Тајван, каде властите веќе евакуираа илјадници луѓе и предупредија на силни ветрови, поплави и огромни бранови. Сите домашни летови беа откажани, како една од мерките за заштита. Хаикуи, првиот тајфун што минува директно над Тајван во последните четири години, има силни ветрови од 154 км/ч со налети кои достигнуваат брзина од 190 км/ч.

-Тајфунот стигна до планинската област источно од островот Таитунг малку порано од очекуваното бидејќи се движи побрзо, изјави за АФП Је Чих-чун, синоптичар во Централното метеоролошки биро на Тајван.

Во областа Тајтунг, на жителите им беше препорачано да останат во затворени простории, да се држат подалеку од прозорците и да останат во темнина.

Исклучително силните налети на ветерот искорнаа и поголеми дрвја и превртеа огромни резервоари за вода. Повеќе од 21.000 домови останаа без струја на целиот остров. Некои имаа струја до средината на попладневните часови, но околу 9.000 сè уште беа без струја кога Хаикуи дојде на копно.

Последната голема бура што го погоди островот пред Хаикуи беше тајфунот Баилу, кој уби едно лице во 2019 година. Во неделата властите пријавија две полесни повреди во источниот кварт Хуалиен, каде што дрво паднало врз автомобил.