Познатиот инфлуенсер Никола Николовски кој пишува на Инстаграм под псевдонимот Боемот жестоко реагираше за напорите да се отстани крстот на Попова Шапка. Според него, станува збор за двојни стандарди и тој потсетува за многуте дивоградби кои ги има овде.

Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:

Двојни стандарди: Додека како печурки никнуваат џамии на Шапка, најголем проблем е крст на црковно земјиште?

Целта на религијата е да обединува, а не да двои. Кај нас е обратно. Црковните објекти и свештениците се внесени во дневната политика. Двојните стандарди се присутни како добар ден. Додека со години бесправно се гради во Тетово и џамиите никнуваат како печурки, најголем проблем е крст на црковно земјиште?

Црквата Свети Наум Охридски која е изградена пред три децении и е симбол на православните верници ги вознемири локалните власти. Ним им смета овој 15 метарски крст, а забораваат дека во меѓувреме „како печурки“ никнуваат секакви викендички и хотели. Факт е дека Општина Тетово има проблем со урбанистичкото планирање на овој простор, а тука најголем проблем не смее да биде поставувањето на овој крст кој патем е поставен на црковно земјиште.

Да бидеме реални. Градежната анархија го упропасти нашиот туристички центар. Викендички и хотелчиња се градат кај стигнат. Градежната мафија интензивно работи на бетонирање на Попова Шапка. Според податоците до кои стигнав пишувајќи ја оваа објава моментално се градат околу 80 објекти во парцели каде што имотно-правните односи на инвеститорите се спорни, бидејки истите се градат во државно земјиште. И сега проблем ви е 15 метарски крст кој е на државно земјиште? Па нема логика! Патем, на Попова Шапка во 2020-та година да се изгради и џамија висока 4 ката со минаре од 25 метри. Веднаш до џамијата во градба е еден поголем комплекс од објекти за кој исто така нема дозвола за градба.

Крстот е поставен на манастирски имот и прашање е дали било каде во земјава за поставување на крст во двор на манастир некој дал дозвола. Крстот е верско обележје и затоа давам безрезервна поддршка за луѓето кои го поставиле!

Природно однесување на Богочовекот Исус Христос е – љубовно обедини и служи. Општина Тетово и албански партии кои кревате фама, погледнете се прво себеси. Доволно ни е од двојни стандарди. Религијата треба да обединува.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)