Нека духот на солидарноста, благодатите што ги носи празникот, топлиот збор и хуманите дела се вселат во нашите домови, нашите срца не само овој месец, туку нека зрачат секогаш и секаде каде за тоа има потреба, луѓе сме и сами сме немоќни, заедно, можеме многу. Почитувани сограѓани, и овој Рамазан за жал продолжуваат препораките за заштита на нашето здравје и здравјето на нашите блиски од вирусот КОВИД-19 и знам дека тоа во голема мера го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец, меѓутоа, верата, добрите мисли и молитвите се во нас самите, и тие може да ги практикуваме и на алтернативни начини, доволно е да имаме искрена желба и добра волја, додава Џафери.

Тој посакува честит почеток на Рамазан, нека е со лесно и нека е во топлиот семеен круг, во мир и благосостојба.