Состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, се одржува во Будимпешта, и истиот традиционално се организира од страна на Собранието на Република Унгарија на секои две години.
На состанокот, покрај претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа, ќе учествуваат и претседателите на парламентите на земјите од Вишеградската група.
– Предвидено е во воведниот дел на состанокот, свои излагања да имаат премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархели и претседателот на Собранието на Република Унгарија, Ласло Ковер, по што ќе следат обраќања на претседателите на парламентите на земјите од Југоисточна Европа, вклучително и обраќањето на претседателот Талат Џафери, се наведува во соопштението.
На состанокот, додаваат, е предвидено усвојување и потпишување на Заедничка изјава од страна на учесниците, која ќе биде испратена до националните парламенти на земјите членки на Европската унија и до лидерите на европските институции.