Поранешниот извршен директор на Amazon, Џеф Безос, го замени францускиот магнат Бернар Арно на втората позиција на индексот на милијардери на Bloomberg. Откако годинава двапати му ја отстапи водечката позиција на листата на Илон Маск, Бернар Арно сега го изгуби и второто место.
Безос го замени 74-годишниот Арно и стана втор најбогат човек во светот. Арно е основач и извршен директор на луксузната француска куќа LVMH, која вклучува брендови како што се Louis Vuitton, Dior итн.
Овој скок на листата Безос го должи на поскапувањето на акциите на Amazon за 2%, со што нето-богатството на Безос се зголеми за 2,61 милијарди долари на 156 милијарди долари. Бернар Арно, пак, има нето-богатство од 155 милијарди долари. Во текот на оваа година акциите на Amazon поскапеа за над 50%, па милијардерот Безос додаде речиси 50 милијарди долари на својата нето-сметка.