Според порталот Мирор, Џенифер Анистон објавила важни вести кога актерската екипа се собрала на снимањето на филмот „Пријатели“. Продолжението на култната серија воодушеви милиони ширум светот, а како што пишуваат медиумите, постои уште една причина зошто луѓето ќе бидат воодушевени од новата епизода.
Извор за порталот „Клосер“ изјави дека Џенифер ги израдувала своите колеги со веста дека ќе стане мајка. По два разводи, Анистон одлучила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиште во Мексико.
Имено, актерката многу години финансиски му помагала на сиропиталиштето и решила да го посвои девојчето. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава.
– Џен беше убедена дека повторната средба со нејзините колеги е вистинскиот момент да објави дека станува мајка. TЖенскиот дел од екипата знаеше, но сакаше да ги изненади момците на снимањето, рекол изворот.
На почетокот на 2011 година, пред Џенифер да се омажи за актерот Џастин Туро, се шпекулираше дека планира да посвои дете од сиропиталиште во Мексико со кое беше во постојан контакт и парично го помагаше.
Иако таа негираше дека го посвоила детето пред 10 години, изворот вели дека актерката Кортни Кокс ја поддржувала во процесот на посвојување, кој трае повеќе од една година.
– Судот знае дека актерката не сака да го направи ова голем медиумски настан и сака ова да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели добрата вест со своите колеги и пријатели, заклучува изворот.