Документите доставени минатиот петок сугерираат дека актерката и нејзините деца се подготвени да дадат докази за тврдењето. Џоли се согласила да сведочи, а таа се согласила и нејзините малолетни деца да го сторат истото, пишува американскиот магазин Page Six, што значи дека нивните шест деца ќе можат да го дадат своето сведочење пред судот.
Извор близок до Пит тврди дека предавањето на новите документи не е ништо друго освен обид да му наштети на актерот.
-Во последните четири и пол години имаше многу тврдења на Анџелина кои се неосновани, тврди изворот. „Претходно ги користеше децата за да му наштети на Бред“.
Да потсетиме, Анџелина и Бред се вљубија на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“ во 2004 година, додека тој сè уште беше во брак со Џенифер Анистон. Тие се венчаа во 2014 година, по десет години врска, а веќе во 2016 година се разделија. Нивните постапки за развод се уште траат и главно се водат околу старателството над децата. Се чини дека сите ги сакаат само за себе, и во моментов ги споделуваат, што наводно не е проблем затоа што живеат само на една милја еден од друг.