Одлуката на шпанските фудбалски власти доаѓа ден откако радиото „Cadena SER“ објави дека финалето ќе се игра во присуство на 15.000 гледачи на стадионот „Ла Картуха“ со капацитет од 60.000 седишта.

-Моменталната епидемиолошка состојба и ограничувањата кои се на сила, односно затворените граници на покраината Андалузија, значат дека навивачите на двата финалисти, кои не живеат во тоа подрачје нема да можат да дојдат на натпреварот. Поради тоа, во согласност со Министерството за здравство, донесовме одлука натпреварот да се игра без публика, соопшти RFEF.