-Џонсон и Џонсон“ денеска започнаа да ја доставуваат својата вакцина против Ковид-19 до Европската унија, која се дава во единечна доза, соопшти Питер Лизе, европратеник од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.
Компанијата „Џонсон и Џонсон“ првично планираше да започне со испорака на вакцината на почетокот на април, но ова беше одложено поради потешкотии во производството,
-Џонсон и Џонсон“ денеска започнаа да испраќаат пратки со вакцини во ЕУ – соопшти Лизе.
Американската компанија вети дека на ЕУ ќе ѝ испорача 55 милиони до крајот на јуни и уште 120 милиони дози во третиот квартал – изјави претходно овој месец комесарот за индустрија на Европската комисија, Тиери Бретон.
– До неодамна беше нејасно дали ќе го исполни тоа ветување. Но, 50 милиони дози се сигурни за вториот квартал – рече Лизе, додавајќи дека информациите ги добил од самата компанија и од Европската комисија, која ги координира преговорите со фармацевтските компании.