Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа, откако беа познати резултатите од гласањето за доверба на неговото водење на партијата и владата, излезе со первична оценка од гласањето, опишувајќи го резултатот како „убедлив“ и „одлучувачки“.
Џонсон кажа дека владата сега треба да се „обедини“ и „да оди понатаму“, пренесе „Скај Њуз“.
-Мислам дека ова е многу добар резултат за политиката и за државата, рече тој.
Запрашан како е тоа во споредба со претходното гласање за доверба на конзервативните премиери, тој рече:
-Добив многу поголем мандат од моите колеги во парламентот отколку што имав во 2019 година, рече премиерот.
Џонсон додаде дека „сигурно не е заинтересиран за предвремени избори“ откако доби доверба во неговото раководство.
-Ова вечерва значи дека можеме да се фокусираме на тоа што го правиме, помагајќи им на луѓето, правејќи ги улиците и заедниците побезбедни, им изјави тој на новинарите.
-Тоа ни дава шанса да се обединиме, зајакнеме и да го покренеме нивото на нашата економија.
-Тоа што сега ќе го направиме е да ја искористиме можноста да се обединиме и да се реализираме. Сакаме да го искористиме овој момент кој мислам дека е решавачки и конечен и да продолжиме со нашиот план, рече британскиот премиер.
Да потсетиме, Џонсон синоќа го преживеа гласањето доверба меѓу пратениците Ториевци од неговата Конзервативна партија.
За негова смена гласаа 148 пратеници, додека за да остане на функцијата се изјаснија 211 пратеници. Вкупно гласаа 359 пратеници.