Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, открила на Инстаграм дека двајцата го очекуваат своето трето дете.

Парот досега ја криеше среќната вест од јавноста, а Кери открила во објавата дека третото бебе пристигнува веќе следниот месец.

Бев прилично исцрпена во последните 8 месеци, но не можеме да дочекаме да го запознаеме ова бебе. Вилф е возбуден бидејќи уште еднаш ќе стане постар брат и постојано зборува за тоа. Мислам дека Роми нема поим што ја чека… Наскоро ќе дознае“, напишала 35-годишната Кери во објавата.

Додека ова за неа е трето дете, за поранешниот британски премиер е осмо. Тој првпат се венчаше во 1987 година со Алегра Мостин-Овен која ја запознал уште како студент на Оксфорд. Нивниот брак беше поништен во 1993 година откако се утврди дека Џонсон е во врска со пријателка од детството, Марина Вилер.

Токму со Марина се венчаше во 1993 година, а се разведе во 2018 година. Двајцата имаат две ќерки, Лара Летис и Касија Пичес, и два сина, Мило Артур и Теодор Аполо. Поранешниот премиер има и ќерка која ја добил со уметничката советничка Хелен Мекинтајр.