Оттаму информираат дека за 2022 година планира да изврши вкупно 183 ревизии од кои 166 ревизии на регуларност, 12 ревизии на успешност и 5 ревизии на усогласеност. Од вкупно планираните ревизии, 45 ревизии се однесуваат на субјекти и теми за ревизии согласно Законот за државната ревизија, а 138 ревизии се однесуваат на субјектите кои учествуваа во Локалните избори 2021 година.

– Заклучно со денот на изготвување на Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, пристигнати се вкупно 38 барања за вршење на ревизија, од кои најголем дел се барања доставени од граѓани или 47 отсто и барања од страна на единици на локална самоуправа (ЕЛС) или 21 отсто. Од вкупно пристигнатите барања за вршење на ревизија, Државниот завод за ревизија прифати 15 барања за вршење на ревизија, односно високи 39 отсто од вкупно пристигнатите барања за вршење на ревизија, велат од ДЗР.