Уништени две хемиски гранати
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска одржа прес-конференција во просториите на ДЗС.
Тема на прес-конференцијата беше уништувањето на две хемиски гранати од 75 милиметри, со екстремно отровен боен отров. Станува збор за неексплодирани убојни средства со хемиско полнење од Првата светска војна.
Апел до граѓаните
Од ДЗС упатија апел до граѓаните доколку пронајдат неексплодирани бомби, гранати, оружје или муниција од минатите војни, да не ги поместуваат.
Граѓаните треба веднаш да пријават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Надлежните ќе ја отстранат опасноста
Од Дирекцијата посочуваат дека по пријавата, ДЗС ќе постапи согласно стандардните оперативни процедури за неексплодирани убојни средства.
Надлежните служби ќе ја отстранат опасноста на безбеден и соодветен начин.