Девет пожари на отворено до 18 часот

На територијата на државата до 18 часот биле регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати.

Активен пожар во Штип

Активен пожар има во Штип, каде што гори депонија.

Под контрола е ставен пожарот во општините Свети Николе и Лозово, односно во селата Делисинци и Сарамзалино, каде што горела ниска вегетација.

Изгаснати пожари во повеќе општини

Изгаснати се пожарите во Општина Куманово, на улицата „Ѓуро Пуцар“ број 38, каде што горела ниска вегетација, како и во Општина Чашка, во селото Чашка.

Пожари се изгаснати и во Општина Демир Хисар, во селото Обедник, во Општина Гази Баба, во селото Јурумлери, каде што гореле сува трева, грмушки и кабаст отпад, како и во Општина Липково, во селата Липково и Матејче, каде што горела сува трева.

Изгаснат е и пожарот во кумановската населба Перо Чичо, каде што биле зафатени бандери и дрвја.