Синоќа пукање во скопски Чаир. Едно лице е рането. Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во СВР Скопје било пријавено дека 31-годишниот Д.Б. бил донесен во болницата со повреди од огнено оружје.
Од МВР велат оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.