Едно лице загина, а 17 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на главниот пат Котор–Никшиќ, кај местото Липци, јавуваат црногорските медиуми.
Несреќата се случила кога патничко комбе излетало од коловозот околу 13:40 часот. Во спасувачката акција учествувале 20 пожарникари со шест возила.
„Денес, во Липци, на главниот пат Липци – Грахово, во 13:10 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувало едно возило. Сообраќајната несреќа се случила кога минибус, кој се движел од насока на Никшиќ, допрел до камена падина што се наоѓа покрај патот, од десната страна на патот, што предизвикало превртување на возилото“, соопшти полицијата.
