Точно 36.281 стан се изградени од 2020 заклучно со 2025 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, што ги анализираше Пари.

Вкупната квадратура на завршените станови изнесува 3.267.107 квадратни метри, или во просек по 90 квадратни метри. Според структура, најмногу имало изградени трособни станови ‒ 12.038, а по нив се двособни ‒ 11.129. Најмалку има станови со 8 и повеќе соби – 235 стан.

Најмногу завршени станови имало во 2024 година. Тогаш нови клучеви биле ставени на 7.917 стана. Но, сите бројки одат во насока на градежна станбена експанзија, за која нема потреба, особено ако се има предвид дека според последниот Попис од 2021 година, повеќе од една третина од становите биле ненаселени. Од вкупно 839.174 стана, 531.987 стана или 63,4 насто се населени, а 307.187 стана или 36,6 насто се ненаселени. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни, покажуваат податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Целата статија на Пари