– На 18.11.2021 во 10.45 часот во СВР Куманово – Полициско одделение Матејче, Б.З.(35) од с.Гошинце, општина Липково, пријавил дека О.О.(48) од с.Матејче, општина Липково, физички го нападнал Х.З., нанесувајќи му повреда со остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во врска со случајот, О.О. пријавил дека на пат во селото бил физички нападнат од Х.З. и уште неколку други лица.

Од полицијата додаваат, дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.