Едно лице е убиено, а петмина се ранети во пукотница пред кафеана во Канзас, каде како обезбедување работеле полицајци кои не биле на должност.
Пукањето се случило во неделата вечерта околу 23 часот по локално време по неред во еден бар, соопшти полицијата во Мисури.
Тројца полицајци кои не биле на должност работеле како обезбедување, велат од патролата, кои возвратиле при престрелката.
Нема информации дека некој од нив е повреден при пукањето.
„Во овие ситуации не можете да предвидите што ќе се случи, но се преземаат некои мерки на претпазливост“, рече полицаецот Бил Лав.
Засега не се знае дали куршумите испукани од полицајците кои не биле на должност погодиле некого, а истрагата е во тек.