Едно лице загина во тешката сообраќајна несереќа, која се случи синоќа меѓу автобус со беровски регистерски таблички и возило опел астра со пробиштипски регистерски ознаки на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај штипската приградска населба Три Чешми.

Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 19.45 часот. Лекарите од Итната медицинска помош на лице место констатирале дека загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.