Ова крпење на парламентарното мнозинство е единствено од политички цели, бидејќи од целокупната расправа се виде дека нема никакви аргументи за разрешување, рече Дајанчо Ефтимов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Ефтимов го праша Димитар Ковачевски зошто не го сменил Љупчо Николовски од прв човек на владата за борба со корупцијата, туку го назначил за министер за земјоделство, потенцирајќи дека уште тогаш ветувал закон за потекло на имот, но никогаш не го предложил.
Доколку оваа и ова парламентарно мнозинство имаше намера чесно да се бори со корупцијата и криминалот, а гледаме дека нема по сите анализи и анкети, министерот уште во 2021 година најавува закон за потекло на имотот. Зошто тогаш не ги разрешите оние кои не ја продолжиле работата за донесување на ова законско решение, бидејќи во секоја владина програма ви стои ова прашање, а посегнувате по разрешување на оние кои веќе се на пат да ја напуштат владата која вие ја водите, рече тој.
Според Ефтимов, парламентарното мнозинство нема легитимитет да се бори со криминалот и корупцијата бидејќи и меѓународната институција која го истражува криминалот во државите World Justice Project ја ставила Македонија од 38 место во 2015та година сега се наоѓа на 78 место, додавајќи дека со тоа владата на СДС наместо да ја намали, дупло ја зголемила.
Не можете да направите никакви реформи, тоа ви го потенцира и World Justice Project кој што во 2015та година не ставила на 38 место, за да во 2022 година не стави на 73 место. Ова е институција која што ја анализира корупцијата во светот, а тоа значи за дупло се зголемила корупцијата за само неколку години. Криминалот и корупцијата владеат и ова парламентарно мнозинство нема легитимитет за борба со корупцијата и криминалот, заклучи Ефтимов.