Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но не се очекува ваквото подобрување да продолжи и во наредните шест месеци, што укажува на одредена неизвесност.
ЕИБ го објави своето истражување за банкарството на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), кое укажува на оптимистички очекувања за банкарскиот систем во регионот на ЦИЈИЕ, иако со одредена неизвесност што полека исчезнува и одредени ризици од негативни движења.
И покрај силното влијание на пандемијата, побарувачката за кредити закрепна, а на страната на понудата на финансирањето полека се забележуваат поблаги услови. Побарувачката на населението за кредити е голема, а заживува во сегментот на фиксни инвестиции на компаниите.
Условите за кредитирање стануваат поблаги, но најмногу за физички лица, а не за бизнисите, каде што условите се уште се тешки, особено за помалите бизниси.
-Истражувањето покажува дека меѓународната и националната поддршка биле клучна за континуитетот на банкарските групи во регионот на ЦИЈИЕ, по првичниот остар прекин поради шокот од Ковид-19 во 2020 година, рече главниот економист на ЕИБ Дебора Револтела.
Од банкарските групи кои работат во регионот на ЦИЈИЕ, 40 отсто имаат намера да го прошират својот бизнис.