-Авиосообраќајот со овие земји треба да биде суспендиран додека не ја откриеме опасноста од новата варијанта. Патниците кои се враќаат од овие области мора да ги почитуваат строгите правила за карантин“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

-Знаеме дека мутациите можат да доведат до појава и ширење на уште позаразни варијанти кои можат да се рашират низ светот за неколку месеци. Сега е важно сите ние во Европа да дејствуваме брзо, одлучно и единствено, додаде шефицата на Комисијата.

Таа посочи дека Европската Унија има склучено договори со производителите според кои тие веднаш штом ќе се појават мора да ги приспособат своите вакцини на новите варијанти.

Таа ги повика граѓаните да се вакцинираат, доколку веќе не го сториле тоа, да ги почитуваат правилата кои помагаат во борбата против вирусот, а препорача вакцинација со бустер доза, што „обезбедува уште подобра заштита“.

Белгија е првата европска земја која го откри првиот случај на новата варијанта на коронавирусот, кој што првпат беше регистриран во Јужна Африка.

Оваа варијанта е откриена кај патник кој се враќал во Белгија од Египет на 11 ноември. Лицето ги развило првите симптоми на 22 ноември.

Британија денеска предупреди дека новата варијанта на коронавирусот што се шири во Јужна Африка е причина за голема загриженост и дека научниците ја сметаат за најзначајна досега, бидејќи вакцината може да биде помалку ефикасна.

Оваа земја веќе ги забрани летовите од Јужна Африка и соседните земји и побара од британските туристи кои престојуваат таму да одат во карантин по враќањето.

Оваа одлука ја донесе и Италија, а ја соопшти и Шпанија.