Во соопштението на ЕК се вели дека препаратот (сотровимаб / VIR-7831) сè уште не е одобрен од Европската Агенција за лекови (ЕМА) и се додава дека употребата на лекот ќе биде можна по одобрување од Агенцијата или здравствените власти на земјата што ќе одлучи да го користи.
Лекот е наменет за спречување на тешки случаи на Ковид-19, но нема да им се дава на пациенти на кои им е потребен дополнителен кислород. Лекот е развиен врз основа на вештачки антитела кои ја помагаат работата на имунолошкиот систем.
Шеснаесет земји на ЕУ се приклучија на јавната нарачка за набавка на 220.000 дози за лекување. Комисијата не прецизира кои се овие земји, но забележува дека досега обезбедила 12 милијарди евра за борба против Ковид-19.