Еден од претепувачите на охридскиот бугарин Христијан Пендиков се уште се наоѓа во бегство и станува збор за човек кој има бугарско државјанство – дознава Радио Лидер од високи полициски извори.
-До сега се уапсени тројца напаѓачи, но се уште трагаме по четвртиот. Знаеме дека станува збор за човек кој е бугарски државјанин и кој живее во Битола. Го имаме неговиот идентитет, но тој е во бегство. Постојат индиции дека е можно да побегне во Бугарија или веќе да е побегнат таму. – открива за Радио Лидер, високо позиционираниот полициски службеник.
Се обидовме информацијата да ја потврдиме во СВР Охрид, но портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски само не информираше дека истрагата за претепувањето уште не е завршена и дека охридската полиција по насоки на јавен обвинител се уште има оперативни активности и поради тоа не може да ни издадат повеќе детали.
Познавачите на полициските процедури, велат дека штом се уште се отворени оперативните активности, значи дека постои уште еден напаѓач.
Инаку, пред околу еден месец токму од СВР Охрид е поднесена кривична пријава против сега претепаниот Христијан Пендиков. Тогаш тој, во планината покрај селото Лескоец бил затекнат како продава дрога, по што се дал во бегство и бил уапсен од полицијата.
-Очигледно станува збор за пресметка на дилерска група, со можна поврзаност со Бугарија. Тепаниот исто така е со бугарско државјанство како и еден од тепачите. Така што, постојат сериозни ендиции дека оваа нарко група оперира во координација со соседна Бугарија. – вели нашиот извор.
Инаку, вчера Пендиков со државен авион беше транспортиран во Бугарија. Ова значи дека на одреден начин тој е заштитен да не излезе пред лицето на правдата за дилањето на дрога. Радио Лидер во моментов работи на тема поврзана со неговиот пренос во Бугарија, за кој постојат сериозни прекршувања.
Во Софија денеска имаше и собири за поддршка за осомничениот нарко дилер, кој во исто време е секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, кој го носи името на бугарскиот фашистички водач од втората светска војна „Борис Трети“.