Во последните 24 часа пратеникот Кастриот Реџепи заедно со своето семејство се наоѓа во просториите на ДУИ во Мала Речица. – дознава Радио Лидер од извори во Агенцијата за национална безбедност.
Како што дознаваме, од неговиот дом тој бил пренесен во партијата на Али Ахмети и се наоѓа таму.
Иако се јави со видео порака, без никаква позадина и други луѓе околу него, се уште не е расчистено дали тој овој трансфер го направил самоволно или под присила.