Четири експлозии се регистрирани денеска утрото во украинскиот главен град Киев, при што е погоден станбен комплекс во близина на центарот на градот, предизвикувајќи пожар, јавија западни медиуми.
Експлозиите се случија околу 6:30 часот по локално време (03:30 GMT), половина час откако се огласија сирените за воздушен напад во главниот град.
Засега нема информации за жртви.
-Неколку експлозии се регистрирани денеска наутро во украинскиот главен град Киев, по што итните служби се распоредени во градската област Шевченко…Во две згради во тек е спасување и евакуација на жителите, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.
Антон Херашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, напиша дека сведоци пријавиле ракетни напади.