Експлозија одекнала во раните утрински часови на улицата „Јадранска магистрала“ во скопското Визбегово.
Денеска во 04:15 часот во СВР Скопје било пријавено од вработен како обезбедување во казино дека околу 04:06 часот слушнал силна детонација. Кога излегол надвор, забележал оган на паркингот до казиното. Обезбедувањето реагирало веднаш и со противпожарен апарат го изгасило огнот. Информации за повредени лица засега нема. Се претпоставува дека пожарот настанал по експлозијата надвор од објектот.
Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
