Експлозивен механизам бил поставен во текот на ноќта пред влез на филијала на банка во атинска населба во централниот дел на градот, а од експлозијата предизвикала материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, експлозивот бил поставен околу три часот утрово, а оштетен бил влезот на банката, како и автомобил паркиран во близина.