Елмас влезе во игра на стартот на второто полувреме во кое Наполи со два гола во период од девет минути (Руиз 51, Мертенс 60) поведе со 2:0, но до крајот на натпреварот Сасуоло се врати резултатски (Скамака 72, Ферари 89), а во судиското продолжение постигна и трет гол, кој беше поништен поради прекршок.
Наполи остана лидер во Серија А по 15 коло со 36 бодови, еден повеќе од второпласираниот Милан.
Македонскиот репрезентативец му се приклучи на Наполи во јули 2019 година од редовите на Фенербахче во трансфер вреден 16 милиони евра, и на досегашните 100 настапи за клубот од Неапол во сите натпреварувања постигна шест голови, а запиша и четири асистенции.