Според правилата за оваа сезона, вакцинираните играчи влегуваат во протоколот за ковид само во случај на позитивен тест, а невакцинираните дури и ако биле во контакт со заразено лице. Лејкерси официјално не соопштиле зошто Џејмс е под протокол, но доколку е вакциниран, како што рече, причината е јасна.

Џејмс ќе биде надвор од тимот најмалку 10 дена помеѓу позитивен тест и најмалку два негативни, направени со разлика од 24 часа.

Лејкерси се договориле за безбеден транспорт на нивната ѕвезда назад во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис објавил дека Леброн му рекол дека е асимптоматски.

За нивна среќа, Лејкерси следат оскуден распоред, па освен синоќа, Џејмс ќе ги пропушти само натпреварите против ЛА Клиперс, Бостон и Мемфис, а би можел да се врати за пресметката со Оклахома Сити.

Оваа сезона Џејмс веќе отсуствувал на 11 натпревари поради повреди на стомачниот ѕид и зглобот и суспензија поради инцидентот во Детроит. Лејкерси се мачат со него и без него. Со сооднос 12-11 го држат осмото место на Запад.

Во отсуство на Џејмс до победата синоќа ги предводеше Ентони Дејвис со 25, Расел Вестбрук со 23 и Малик Монк со 22 поени.