Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас по поразот од Шкотска призна дека тимот одиграл под своето ниво и мора да извлече поуки од тешкиот период и да најде начин да се врати на вистинскиот пат.
„Искрено, не знам што да кажам. Игравме многу лошо, реално многу лошо… Моментално тешко е да се зборува. Заслужено победи шкотската репрезентација и тоа е тоа. Тешко им е на сите играчи, а и мене ми е тешко.
Треба да извлечеме поуки и да научиме од овој пораз. Седум натпревари, седум порази и нула постигнати голови. Мене ми е најтешко, бидејќи по тоа што во минатото го направивме, не е лесно да се биде дел од овој тежок период за нас.
Некогаш мора да се кренеме од оваа бездна, бидејќи може да биде уште полошо. Мора да ги спуштиме главите долу, да се соочиме дека сме под нивото во оваа група и само да гледаме да се подобриме“, изјави Елмас.
