Репрезентативецот на Македонија Елиф Елмас настапи против Торино со влегувањето во завршницата од натпреварот, а со тој настап Елмас го стигна Горан Пандев.

Елмас го одигра 124 натпревар во дресот на калчолигашоит со што се израмни по бројот на настапи со македонската фубдалска легенда Горан Пандев.

Пандев во кариерата во Наполи одигра две сезони, додека Елмас во Неапол пристигна многу помлад од Пандев пред три сезони кога имаше само 19 години. Наполи за услугите на Елмас на Фенербахче му плати околу 18 милиони евра.

Сезонава Елмас зад себе има три гола и четири асистенции во најсилното италијанско првенство.