Во вториот денешен дуел од програмата во италијанската Серија А, составот на Сасуоло пред своите навивачи одигра без голови 0:0 против фаворизираниот тим на Наполи. Со ова реми домаќините успеаја да освојат значаен бод во напорите за подобра позиција на прволигашката табела.
На вториот натпревар, екипата на Удинезе забележа минимална победа на домашен терен совладувајќи ја Фиорентина со резултат 1:0. Единствениот погодок вреден три бода го постигна Ловриќ уште во раната фаза од натпреварот.
По овие средби, Наполи останува на осмото место на табелата со вкупно 19 освоени бодови. Сасуоло, пак, се наоѓа во сериозна борба за опстанок во елитното друштво, заземајќи ја 18. позиција со девет освоени бода.
