Актерот Бред Пит во емотивно интервју за магазинот „ГеКу“ отворено зборува за деталите од животот и некои ситуации за кои јавноста не знаела. Открива што го мачело во животот и дали бил среќен.
Никогаш не криел дека во бракот со Аџелина Џоли се чувствувал депресивно. Причина за тоа биде несогласувањата последните години од бракот и однесувањето на Џоли која умеела да биде многу незгодна.
Актерот сега открива други детали од животот. Се чини дека причина за неговата депресија не била само Анџелина, туку тој често се чувствувал осамено, дури и кога бил дете.
-Во животот секогаш се чувствував осамено. Растев сам, како дете, дури и сега. Дури неодамна ја достигнав среќата во прегратката на семејството и пријателите, изјавил Бред Пит.
По болниот развод тој успеал да пронајде позитивна страна во животот. За магазинот рекол дека среќата и радоста ги открил подоцна во животот, а депресијата која ја имал ја нарекол „депресија со низок интензитет“.
Открил дека имал проблеми со алкохолот, но имал и проблеми со спиењето со години. Музиката и уметноста му помногнале да не се чувствува осамено.
Пит најави и крај на кариерата бидејќи смета дека улогите кои ги добива не ги задолуваат неговите стандарди и афинитети.