Виктор Мизо,   генерален директор на Костал Македонија , за Фактор.мк вели дека ја испраќаме 2021, но дека тоа не значи дека добар дел од предизвиците и проблемите со кои се соочивме во изминативе речиси две години нема да останат со нас и меѓу нас и во 2022 година.

Во продолжение неговиот став

„Ќе се чувствуваат последиците на глобалното зголемена инфлација, која нема да биде само транзиторна и краткорочна како што првично се предвидуваше. Тесните грла присутни во синџирите на снабдување ќе го одржат зголемениот притисок врз цените и се уште ќе чувствуваме ограниченост во производствените процеси, а со тоа и способноста на компаниите целосно да ја задоволат побарувачката. Енергетската криза и зголемувањето на цените од изминативе неколку месеци ке бидат дополнителен товар во работењето. Лимитираниот потенцијал на пазарот на труд ќе значи неопходност за изнаоѓање на дополнителни начини како да се привлечат, мотивираат и задржат најдобрите кадри, вели тој. 

Очекувањата за 2022 се дека ќе имаме стабилизирање и постепен раст на автомобилската индустрија. КОСТАЛ Македонија ќе ја достигне бројката од над 100 милиони евра годишен извоз и веројатно ќе започне нов инвестициски циклус. Подобрување на економските перформанси во државата, пред се подобар и поконкурентен бизнис и инвестициски амбиент. Поефикасна, исполнителна и професионална администрација, како на централно, така и на локално ниво. На лично поле – она што е неопходно и искрено би им го посакал на сите: здравје, успех, среќа и радост! За себе – очекувам меѓународни патувања (конечно, после речиси 2 години…).

Целиот текст на ФАКТОР.МК