Во трката за чист воздух, власта падна во замка – намалено е производството на главниот, но еколошки неприфатлив ресурс, јагленот. Минатиот месец фабриките во Кина добија наредба од Владата, да се скрати работната недела на два дена за време на прославата на Националниот ден на Кина. Сепак, повеќето производители сè уште не се вратиле на стандардниот распоред.
Во пресрет на претстојните Олимписки игри, кинезите почнаа активно да ги затвораат рудниците за јаглен, за да ја покажат својата подготвеност да се откажат од енергијата што негативно влијае на климата.
-Со нив економијата рано излезе од пандемијата, населението почна да троши многу енергија, а производството се намали. Ветерните електрани произведоа помалку енергија, вели Игор Јушков, водечки аналитичар во Фондот за национална енергетска безбедност за руските медиуми.
Како резултат на тоа имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија во 20 кинески провинции, додека властите ја ограничија потрошувачката во 16 провинции. Во некои региони, прекините на електричната енергија го погодија и секторот за домување.
Кинеските добавувачи ги информираат партнерите за одложување на роковите, но не можат да соопштат конкретни датуми. Цената на деловите и материјалите за производство продолжува да расте, додека цената на полимерите поскапе за 10 отсто. Кинеските индустриски центри не се подготвени за зголемената побарувачка за претстојниот „black friday“, а доаѓаат и новогодишните празници.
Руските економисти предвидуваат дефицит на опрема, автоделови и облека. Енергетската криза во Кина ги погоди економиите на речиси сите земји.
Кинеската влада се обидува да го реши проблемот. Во последните недели, производството на јаглен во Кина се зголеми за повеќе од милион тони дневно. Може да се очекува дефицит од играчки, новогодишни украси, како и нивните цени да пораснат за 10-15 отсто, додека Пекинг не излезе од енергетската криза.
Експертите веруваат дека тоа нема да се случи пред кинеската Нова година.