Таа изрази загриженост дека ова ќе го зголеми преносот на Ковид-19, вклучително делта сојот.

Ројтерс наведува дека е невообичаено ваквите коментари да доаѓаат од агенцијата на Обединетите нации, кои вообичаено се воздржуваат од политиката на одредени земји, но Ван Керхове, за глетката на 60.000 луѓе на „Вембли“ на последниот натпревар помеѓу Англија и Италија ја нарече „застрашувачка“.

– Треба ли да уживам гледајќи како се шири инфекцијата пред моите очи“, праша таа во коментар на Твитер за време на натпреварот.

Марија ван Керхове истакна дека пандемијата не направила пауза во неделата навечер.

– Делта сојот ќе ја искористи можноста и ќе напаѓа невакцинирани луѓе на места каде што е преполно, каде нема маски, каде викаат, пеат. Ова е катастрофа, рече таа.

Во финалето на Вембли во Лондон, „азурите“ ја совладаа Англија на пенали со 3: 2 (1: 1) и по втор пат во својата историја го подигнаа трофејот.