Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи воведување смртна казна за одговорните за подметнување шумски пожари.

-Каква казна треба да биде тоа? Смртна казна? Мислам дека тоа треба да се казнува со смрт, изјави Ердоган пред новинарите собрани во одморалиштето Мармарис, погодено од пожар, во југозападната провинција Мугла.

Турција ја укина смртната казна во 2002 година, па пред Ердоган да донесе конечна одлука, таа прво треба да биде изгласана во Парламентот.

Пожарот во Мармарис, кој беснее од вторникот, изгоре 4.000 хектари, а 435 луѓе се евакуирани.

-Денеска судот во Мармарис испрати во затвор маж кој „признал“ дека го подметнал пожарот по семејна расправија, јави Анадолија.