Турција посредува за зајакнување на мирот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција работи на тоа Соединетите Американски Држави и Иран да постигнат заеднички јазик, со цел зајакнување на глобалниот мир.

Според извештајот на „Ал Џезира“, Ердоган нагласил дека сите сојузници работат заедно за да се постигне оваа цел.

Мирот во Газа меѓу клучните теми

Осврнувајќи се на состојбата во Газа, турскиот лидер најави и напори за враќање на мирот во тој регион.

Тој додаде дека актуелниот самит на НАТО се занимава со овие клучни прашања и изрази надеж дека ќе има позитивен исход.

Трамп повторно го критикуваше НАТО

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп, кој пристигна во Анкара за самитот, повторно упати критики кон НАТО, особено поради ставот на Алијансата кон војната во Иран.

Трамп изрази незадоволство од третманот што САД го добиле во рамките на алијансата.

„Не бевме третирани добро затоа што направивме нешто во Иран. Пред дури и да ги прашаме, тие рекоа дека нема да бидат таму“, изјави американскиот претседател.

Претходно, претседателот на САД, Доналд Трамп, се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод Самитот на НАТО, кој годинава се одржува во Анкара.