Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упатил писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Од Амбасадата на Турција во РМ соопштија дека писмо со сочувство испратил и министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан упатено до министерот за надворешни работи надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски.

– Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожар што се случи во градот Кочани, Македонија. изразувам сочувство до Вашата Државничка Висост и сите граѓани на братска и пријателска Македонија, на чело со блiските на загинатите, додека ранетите им посакувам брзо заздравување, се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.

Турскиот амбасадор Улусој вчера се потпишал во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани. Амбасадорот потоа остварил средба и со државниот секретар на наведеното Министерство, Елена Кузманоска, при што изразил сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица.

-Туркије како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Македонија, се наведува во соопштението од Амбасадата.

Во Амбасадата на Република Туркије спуштено е на пола копје турското знаме во знак на почит.