– Ќе ги анализираме сите планови против шумските пожари, поплавите, свлечиштата и сушите, изјави Ердоган во обраќањето до нацијата по средбата на Кабинетот во Анкара.

Тој напомена дека властите значајно ќе им помогнат на граѓаните кои се нашле во тешка ситуација за време на неодамнешните природни катастрофи.

– На местото на секое изгорено дрво ќе засадиме ново, ќе ја обновиме секоја изгорена куќа и ќе ја подигнеме секоја зграда уништена од поплавите, додаде турскиот претседател. Како што рече, околу 150.000 хектари земја беа зафатени од пожари во 54 различни градови во Турција само во 2021 година.

Тој изјави:

– Иако терористичките организации се сомничат за подметнување на некои пожари во нашата земја, јасно е дека се соочуваме со општа катастрофа

Ердоган рече дека шумските пожари од големи размери веќе се претвориле во значаен глобален проблем.

Во своето обраќање, Ердоган, исто така, се осврна и на областите во Турција со ниска стапка на вакцинирани против коронавирусот.

– Ги повикувам сите граѓани, почнувајќи од овие области, да се вакцинираат што е можно поскоро. Ние, исто така, редовно ќе бараме ПЦР-тестови од невакцинирани студенти и универзитетскиот персонал, рече тој. Турскиот претседател истакна дека наставниот кадар ќе треба да се тестира на почетокот на учебната година.

– На почетокот на наставата, од 6 септември, од наставниот персонал кој уште не е вакциниран, ќе бараме ПЦР-тестирање најмалку двапати неделно, додаде тој. Исто така, на јавните настани, како концерти и кина, наскоро исто така ќе се бара негативен ПЦР-тест со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот.

 

– За патувањето со авиони и меѓуградски автобуси исто така ќе биде потребен ПЦР-тест, изјави Ердоган.