Оттаму велат дека ќе се јават на следниот повик на Универзалниот снабдувач кој треба да се однесува на периодот јануари-јуни 2022г.

ЕСМ ниту на четвртиот тендер на ЕВН Хоум не достави понуда за електрична енергија за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи.

Алсат претходно објави дека ЕСМ не доставила понуда затоа што засега немаат обезбедено 100 отсто од потребната струја за сите 12 месеци од 2022 година, туку засега со сигурност имаат електрична енергија за задоволување на потребите на граѓаните за само 10 месеци од идната година.